Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 9:05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.
Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија денеска преку соопштение најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.
На Денот на албанското знаме вчера вечер се случил инцидент и пред влезот Конзулатот на Србија во Куманово каде младо момче нагрнато со албанското знаме насилно ја отстранило таблата со државниот грб на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – почесен конзул“, испишан на српски и македонски јазик.
Полицијата го уапси момчето кое на Денот на албанското знаме насилно ја отстранило таблата со државниот грб на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – почесен конзул“, испишан на српски и на македонски јазик.