Вчера, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на С.М.(30), на подрачјето на Гази Баба во Скопје.
При претресот биле пронајдени прашкаста материја, три мобилни телефони и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја.