Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување на службена исправа и помагање во врска со измама, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, како и против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување на службена исправа“ и „помагање“ во врска со „измама“, против Д.К.(35) и Н.Д.(34), двајцата адвокати, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со „измама“, против А.Љ.(30), Б.Ф.(25), Н.А.(42), М.Д.(39), Т.Љ.(27), Т.М.(27), Б.Д.(29), С.Д. (21) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „измама“.