Одделот за сузбивање на организиран криминал и специјалната полиција по повеќемесечно истражување вчера и денеска спроведуваат акција во која е сузбиена 18-члена криминална група, составена од лица од Скопје кои подолг временски период се вклучени во кривични дела со насилен криминал и трговија со оружје, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Plusinfo
Тошковски истакна дека групата била организирана и секое од лицата имало задачи.
Во 2023 година од осмоничените лица, или вкупно тројца формирале и група за изнуда, кои на насилен начин, со сериозни закани изнудувале пари од менаџери, сопственици, а дел од криминалната група била задолжена и за опожарување на објекти и автомобили. Faktor