Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти.
Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак. Fokus
Деветнаесетгодишен жител на на беровското село Будинарци ноќеска бил уапсен, откако полициска екипа во атомобилот што го управувал пронашла десет мигранти од Турција и Ирак, соопшти Минитерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, лицето се обидело да избега но, за кратко време било пронајдено и лишено од слобода. 360stepeni