Синоќа на булеварот Александар Македонски’ во Скопје, автомобил со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удри во 15-годишна малолетничка од Скопје. Press24
Синоќа во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Александар Македонски во Скопје, патничко возило „Хонда” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(28) од село Лопате, кумановско, удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во несреќата таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, наведено е во полицискиот билтен. Plusinfo