Охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице.
На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.
Денеска, на 31 декември 2024 година, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и СВР Охрид, го реализираа превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година“, соопштија од СВР Охрид.
Во рамки на проектот, што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на симболичен начин, на охриѓани и на гостите кои се во Охрид и кои ќе ги прославуваат новогодишните и божикните празници, им подарија новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде, со желби за среќна и успешна Нова година. Plusinfo
Охриѓани и бројните гости од земјата и странство синоќа во новогодишен амбиент, со огномет и добра забава ја испратија веќе старата 2024 и ја дочекаа Новата 2025 година. Netpress
Последните часови од старата 2024 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек на гостите што тука ќе ја минат највеселата ноќ.
Градот е свечено украсен, особено централното градско подрачје, Плоштадот и Кејот на Охридското Езеро, каде што уште од вчера е забележителна празничната раздвиженост, пред сѐ поради гостите кои со голем број автомобили и автобуси пристигнуваат за да ги минат овие празнични денови тука. Plusinfo
Во рамки проектот што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на симболичен начин, на охриѓани и гостите кои во Охрид, ќе ги прославуваат новогодишните и Божиќните празници, им подарија новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде со желби за среќна и успешна Нова година.
Притоа, полициските службеници ги потсетија возачите на моторни возила од потребата за внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол и мобилни телефони при управување со моторни возила со што, ќе дадат свој придонес за зголемена сообраќајна безбедност, стабилен јавен ред и мир и поволна безбедносна состојба за време на Новогодишната ноќ. Netpress
На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен (39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице. Libertas
Што се однесува до Службата за итна мединцинска помош, дежурните ноќеска имале само шест повици што, како што посочија, е помал број јавувања отколку вообичаено дури и во останатите денови.
Помали интервенции имале и дежурните екипи што со возила беа распоредени на местата со зголемена фреквентност на луѓе, пред дискотеките и на Градскиот плоштад, и тоа главно укажување прва помош на алкохолизирани лица. Kanal5
Охрид веќе ги доби и првите принови.
Во 4:52 на Одделението за акушерство и гинекологија во Општата болница е родено здраво женско бебе тешко 4,180 килограми. Kanal5
Охриѓани и бројните гости од земјата и странство синоќа во новогодишен амбиент, со огномет и добра забава ја испратија веќе старата 2024 и ја дочекаа Новата 2025 година.
Обезбедивме буџет за 1.117 нови вработувања и за 600 приватни специјализанти, а со почетокот на годината ќе се објават конкурсите, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на брифингот со новинарите, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и државниот секретар во Министерството, Бесим Мемеди.
Обезбедивме буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, а со почетокот на новата година ќе се објават конкурсите, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, на брифингот со новинарите, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и државниот секретар во Министерството, Бесим Мемеди.
Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека новогодишната ноќ поминала прилично мирно и со помал обем на работа, но за жал едно дете ќе остане со траен инвалидитет од експлозија на петарда.
На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.
На 31.12.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица.
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Василево.
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против 8 лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријава од Управата за финансиска полиција, оформи предмет и поведе постапка против 8 лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.