Во угостителски објект во гостиварското село Добридол полицијата вчера извршила контрола и затекнала седум странски државјанки, кои ја злоупотребиле намената на туристичкиот престој во земјата, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму информираат дека странските државјанки се по потекло од Јужна Америка, односно пет се од Бразил, а по една е од Колумбија и од Венецуела.
Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово во 02.10 часот извршиле акциска контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол, при што поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта биле приведени седум странски државјанки.