На 14.01.2025 во 18.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(37), Н.М.(43) и З.Ч.(38), тројцата од Штип и З.П.(39) од Куманово затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај З.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
На 14.01.2025 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.И.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Press24