МВР информира дека вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(30) од Скопје зашто кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол „Зораки М 906“ со рамка, пари и други предмети.