Главниот багер за ископ на јаглен во Рудникот ПЈС Суводол, КУ 300, е надвор од функција заради дефект на моторот, Главниот транспортен систем не работи заради хаварија во која се исцепило парче трака во должина од 4 километри.
Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против Н.Т. од Струга, со престој во Битола поради соменине дека се обидел да стори разбојништво и поседување на огнено оружје.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – Битола 2. Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година). Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мернoто место и деновите каде има појава на надминување на праг на алармирање.