Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал син ѝ. Полицајци од Полициската станица Центар вчера во 18 часот ја уапсиле А.Р.(46). Како што пријавила Ј.М.(35) од Скопје, околу 13 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р., по што А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, а потоа го однела во полициска станица.
Вчера во 18 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода А.Р.(46) од Скопје.