Полицијата во Велес вчера во 10:10 часот, го уапсиле 21-годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 10:10 часот, го лишиле од слобода 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.