Пристапот кон Единствената област за плаќањa во евра СЕПА би бил историски исчекор којшто ќе им овозможи на нашите банки, и покрај тоа што не сме членки на ЕУ, да пристапат на европските платежни системи.
Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилиано Паолучи, ја отворија работилницата „Техничките и правните аспекти за приклучување кон системот за плаќање во евра СЕПА“, на која учествуваа претставници на Светската банка, Европската централна банка, Европскиот платежен совет, на Италијанската асоцијација на банки и на други финансиски институции.