Воспитната мерка за поседување на марихуана и кокаин која ја добил Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, според пресудата која ја објави Кривичниот суд, била адекватна, бидејќи се ценела неговата младост, околности, недоволно животно искуство, опкружувањето и друштвото каде се користеле наркотици било секојдневие.
Судијата Даниела Алексовска Стојановска од скопскито Кривичен суд лани на 31 јули ја донела пресудата со која тогаш 19 годишниот Васил Јованов, фатен со 80 паковски амфетамин, наместо во затвор, му изрекла мерка за во поправниот дом во Тетово.