Проширена е истрагата за случајот „Адитив“.
Осум лица од Битола, Кичево и Велес денеска се приведени, а извршен е и претрес на една локација во Велес во рамките на истражната постапка за предметот „Адитив“ со што е проширена постапката под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кои постапуваат во предметот, информира Јавното обвинителство.