Обвинителството потврди дека Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претреси поврзани со поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, како што веќе објави,,Фокус”.
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.