Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција истакна дека Пеце Мирчевски ја користел СОЗР за личен профит.
Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор.
Обвинителството потврди дека Управата за финансиска полиција, во координација со скопското обвинителство, во моментот врши претреси поврзани со поранешниот директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски, како што веќе објави,,Фокус”.
Пеце Мирчески доби 30-дневен притвор, откако судија на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата.