Заради повеќе медиумски објави како и новинарски прашања кои утрово беа доставени во судот, ја информираме јавноста дека: Во однос на лицето Игор Југ, кој е правосилно осуден во предметот со КОК .бр. 40/18 за настаните кои се случија во Собранието на РСМ од правосилноста на пресудата, па се до овој момент, до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје НЕ е доставено било какво барање од осудениот или неговиот бранител за повторување на постапката, велат оттаму.