Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата се евидентирани вкупно 12 пожари на отворено.
Во изминатото деноноќие на територијата на државата имало 12 пожари на отворено, при што сите се изгаснати од страна на пожарникарите, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Конкретно, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 13:20 до 15:10 часот, интервенирале со 1 пп возило и 3 пожарникари во гасење запалена ниска вегетација на површина од 300 m2 кај „клучката“ во Хиподром во Општина Гази Баба.