Како што се наведува во соопштението од МВР, евидентно е дека непочитувањето на брзината на движење и непрописното паркирање се прекршоци со најголем број изречени мерки кон возачите – 262, односно 201.
Во текот на минатата година Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во делот на превентивното работење во областа на безбедноста на сообраќајот реализираше, најчесто во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, но и со други локални или невладини институции, над деведесетина едукативно-превентивни активности (кампањи, трибини, работилници), вклучително и дваесетина сообраќајни поуки одржани во полициски станици за возачи, а како нормативно-превентивна мерка согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП). Овие активности што се спроведуваат и во другите сектори за внатрешни работи, заедно со секојдневните интензивирани сообраќајни контроли имаат за цел општо подигање на нивното на сообраќајна безбедност во државата.