На 10.02.2025 околу 12.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од с.Волково, скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко. Mk