Вчера во 14.00 часот, полицијата уапси две лица, 23-годишниот З.Џ. од село Желино, тетовско и 47-годишниот А.А. од Тетово поради сомнеж дека извршиле над 10 кражби.
„При претреси во нивните домови и помошни простории во село Желино, Тетово и во село Озормиште, извршени со судска наредба, биле пронајдени предмети, разновиден алат и машини за домаќинство за кои постои сомнение дека потекнуваат од над 10 кражби и тешки кражби извршени во куќи, објекти и плацеви на подрачјето на општина Желино“ велат од полицијата.