Нов инцидент во автобусите на ЈСП – млада скопјанка била нападната додека се возела, стои во полицискиот билтен.
Млада скопјанка била физички нападната од жена во автобус на ЈСП, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во вторникот во 13.15 часот во СВР Скопје, А.Д.(23) од село Волково, скопско, пријавила дека околу 12.45 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, едно женско лице физички ја нападнало.