Полицијата уапси брачен пар од Арачиново откако сопружниците биле пријавени од страна на кумановка дека не сакале да и го вратат бебето кое го дала на привремено чување.
„На 23.02.2025 во 19.30 часот во СВР Куманово, М.М.(41) од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга А.М.(35) од с.Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче“, информираат од Секторот за внатрешни работи. Skopjeinfo