Со Детален урбанистички план за УЗ 2, дел од Блок 2.3 – опфат 5 , КО Охрид 3, Општина Охрид, за плански период од 2014-2024, изработен од – Охрид, приватен инвеститор, нарачател Општина Охрид, бројот на станбени згради во опфатот „Маларична“ се зголемува: зад овој веќе изграден, огромен објект, се предвидуваат уште два објекти за колективно домување замислени како самостојни станбени блокови: ГП 1.2 и 1.3, со катност П+4 (висина до венец од 16,2м) и 541,31 м2 односно 487,20 м2 во основа, со кои се уништува повеќедецениско високостеблесто зеленило и со чија изградба, како и понатамошна употреба (пристап, паркирање) се доведуваат во константна опасност најбројните корисници на овој урбан блок – децата.