„На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорното правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив РПТ 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери, во вкупен износ од 397.636.400 денари(6,5 милиони евра)“, додава ЈО. Понатаму, се вели во соопштението, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, дел од обвинетите припадници на злосторничкото здружение и дел од останатите обвинети примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари (6,7 милиони евра). „Со обвинителниот акт Ооѓбвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со посебен предлог се бара конфискација на парични средства и недвижен имот во сопственост на обвинетите и на трети лица.