Во текот на февруари годинава во рамки на сообраќајните контроли издадени биле 23.844 платни налози, од кои 1.508 се однесувале за некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани биле и 475 пешаци.
Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената...