„Иронијата да биде поголема, инцидентот се случува само на 5 метри од пунктот на ЈП „Паркови и зеленило“ кое е должно, согласно Законот за локална самоуправа, да го исече ова дотраено дрво.
Одговорноста на „Паркови и зеленило“ е уште поголема зошто истото дрво било обележано и тоа подолго време за сечење, меѓутоа, како и во стотици други случаи јавното претпријатие и Градот Скопје остануваат глуви на барањата на Општина Карпош и на граѓаните“, се наведува во соопштението. Libertas
Во моментов детето се наоѓа на одделот за интензивна нега на Клиниката.
Градоначалникот на општина Карпош Стефчо Јакимовски вели дека станувало збор за дотраено дрво, кое не било навремено исечено од страна на надлежното јавно претпријатие Паркови и зеленило иако било соодветно обележано. Kanal5