Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во близина на „Негорски бањи“.
На 03.03.2025 во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од село Негорци, гевгелиско, соопштија од полицијата. Skopjeinfo