Исто така пријавениот не го завел лицето во граничните евиденции како лице кое преминало државна граница и не проверил дали минува во евиденциите за проверки.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, се вели во соопштението од МВР. Kanal5
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Sitel