27-годишниот Ј.Ц. од Охрид вчера околу 14 часот го загуби животот откако во мотоциклот кој го управувал удрил патнички автомобил „мазда“ управуван 76-годишниот Д.Н. од струшкото село Враништа.
На 08.03.2025 година околу 14 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од (76) годишен жител од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски регистарски ознаки, управуван (27) годишен охриѓанец.