СООПШТЕНИЕ: СДС е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра.
СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата, наскоро ќе се стави крај на вакви случаи.
Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај во којшто се сомничи за криминал тежок за 167 милиони евра за набавка на канцероген мазут за ТЕЦ Неготино, јавноста има право да знае дека стекнувањето, поточно зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра.