Директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова, изјави дека повредените и починатите лица кои биле донесени кај нив биле на возраст од 16 до 24 години и се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани вклучително и од селата на кочанскиот регион. Novamakedonija
Тука се направи првата тријажа на пациентите кои беа препратени до Клиничката болница Штип првично.
Многу ни помогна и од соседните здравствени домови, Клиничката болница Штип испрати свое возило и од брзата помош од Скопје. Kajgana
Тие починале од стампедото како последица на паничниот напад кај присутните кои почнале да излегуваат од влезот на дискотеката, во која се наоѓале 1500 лица“, изјави директорката Серафимова.
Покрај повреди од изгореници, голем дел од пациентите биле и со интоксикација на јагледорен моноксид. Denesen
Целата болница се мобилизираше, почна да ги носи првите пациенти.
Бидејќи имавме помал број возила, директорот се обрати до градовите од источна Македонија, но и од Скопје и Велес. Denesen
Директорката на кочанската болница д-р Кристина Серафимова на прес-конференција изјави дека загинатите во пожарот во дискотеката синоќа се од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани.
Таа рече дека жртвите биле на возраст меѓу 14 и 24 години. Fokus