По преземените мерки и активности, а во рамките на најавените контроли во ноќните клубови и кабареата, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т. В. (58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.
Млад кумановец вчера почина ненадејно во Kумановската општа болница откако примил терапија, информираа денеска од болницата, а случајот го потврдија и од СВР Куманово.
Во понеделникот, во 11.35 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека во болницата со влошена здравствена состојба бил донесен В.А.(32) од Куманово, по што му била дадена терапија, но по кратко време починал.