Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел.
Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања, стои во информацијата од Генералштабот на Армијата. Kanal5
Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот на Армијата. Plusinfo