Уште една страшна вест ја потресе Македонија кога двајца иселеници од Дебар загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија.
53-годишниот Бајрам Бајрамовски од селото Жировница и 65-годишниот Фуат Етемовски кои со децении живееле во Италија, каде работеле во фабрика, го загубија животот во областа Тревизо, во близина на Боскалто ди Лореџија, кога со своето комбе се враќале дома по напорниот работен ден.