На регионалниот пат Куманово - Свети Николе, во населбата Доброшане во Куманово, ноќеска околу 01:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.И.(21) од Куманово.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопшти МВР.