Со зголемувањето на капитацискиот бод на 100 денари, матичните лекари добиваат реален стимул да останат и да работат во земјава – подобрување на примарното здравство и задржување на младите кадри стана врвен приоритет, порачаа говорниците на денешната панел-дискусија во Владата.
Во просториите на Владата се одржа панел-дискусија по повод историското зголемување на капитациониот бод во примарната здравствена заштита, што ги опфаќа матичните лекари од областа на општата медицина, гинекологијата и општата стоматологија, информира Фондот за здравствено осигурување.