Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка.
На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.