Целото постапување и превземените конкретни чекори е содржан во самиот дневен извештај на затворската полиција, а со сигурност го има и во полицискиот билтен од СВР Штип.
Во ниту еден момент нема простор за сомнеж дека некој од затворските полицајци постапувал спротивно на своите работни задачи и соработувал со осуденото лице во негова полза како што беше споменато на пресконференцијата од страна на директорите, реагираат од Синдикатот на УПОЗ. Civilmedia
Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Казнено поправна установа Затвор Штип се огласија со реакција по пресконференцијата на Директорот на Управата за извршување санкции, кој рече дека група затворски полицајци му помагале на затвореник да бара дрога, а лажеле дека го бараат неговиот скап часовник кој, наводно, го однела затворската кучка Цеца.
„Група вработени лица, членови на Синдикатот на УПОЗ побараа од Синдикатот како наши членови, а нивни преставници во однос на заштита на работничките права да излеземе со овој демант во однос на пресс конференцијата за медиумите на директорот на дирекцијата за извршување на санкции Александар Пандов и директорот на КПД – Штип Дејанчо Здравков на ден 09.04.2025 година.Имено, на споменатата Пресс конференција директорот пркажа слика која не кореспондира со реалноста и превземените службени дејствија на овластените службени лица. Faktor
Група вработени во штипскиот затвор, членови на синдикалната организација УПОЗ реагираа на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршувње на санкции Александар Пандов, на која тој ги обвини затворските полицајци дека му помогнале на затвореник да ја пронајде фрлената дрога во затворскиот двор. Mk
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов денеска вели дека затворите се најкорумпирани од сите институции на системот во Македонија. Mk
Група вработени во Затворот – Штип испратија писмо до медиумите, во кое ја демантираат официјалната верзија на директорот на Дирекцијата за извршување санкции Александар Пандов и директорот на затворот Дејанчо Здравков.
Тие тврдат дека изјавите дадени на 9 април, за наводна соработка на затворски полицајци со осуденик при барање дрога во дворот, се невистинити и манипулативни. Telma
Директорот за извршување санкции, Александар Пандов денеска на прес конференција раскажа како во затворот во Штип се барал скап часовник од страна на затворски полицајци и осуденици. Mk
Според добро упатени извори, лошо управуваните затвори можат дополнително да станат погодна почва за нови криминални активности и за планирање нови кривични дела во затворите, но и надвор од нив.
Недостигот од контрола на затворската популација може да доведе до нарушување на угледот на државата, да претставува директна закана за јавната безбедност и за нарушување на довербата на граѓаните во казнено-поправниот систем. Novamakedonija
Пандов не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите.
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов на прес-конференцијата во врска со настаните од КПД Штип не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите, истакнуваа денеска во пишана реакција од Независниот синдикат на полицијата. Kanal5