Исчезнато повозрасно лице од с. Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, а во некои подалечни реони околу другите соседни села имаше и други коишто пребаруваа во поединечни групи.
Лицето последен пат било видено пред една недела, во саботата на 05.04.2025 година.
Во последните неколку денови на потрагата се приклучија и доброволци и членови од повеќе здруженија.
Инаку, во почетокот беа известени МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а потоа секако и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК. Mk
Исчезнато повозрасно лице од с. Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70 до 80 лица, а во некои подалечни реони околу другите соседни села имаше и други коишто пребаруваа во поединечни групи. Netpress
Но, за утре, 12 април, ќе се организира потрага на поголем реон.
Планирано е да бидат вклучени по десет полицајци и извидници – членови на Извиднички одред „Еквинокс - Штип“, ловци - членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци - вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице, наведува ЦУК. Kanal5
Се уште трае потрагата по исчезнатото повозрасно лице од штипското село Степанци, кое е пријавено за исчезнато на 7 април во 16:20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Лицето последен пат било видено во саботата, 5 април. Press24
Во текот на вчерашниот ден потрагата по исчезнатото лице се одвиваше во реонот на село Степанци.
За денеска ќе нема организирана потрага, освен од страна на неговите поблиски роднини и пријатели. Skopjeinfo
„Во текот на вчерашниот ден (12.04.2025) на зборното место кај продавницата во с. Лакавица големиот број доброволци и лица од институциите, службите и здруженијата се поделија во групи и по правци на пребарување беше поголем реон. Press24
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Планирано е да бидат вклучени по десет полицајци и извидници – членови на Извиднички одред „Еквинокс – Штип“, ловци – членови на ЛЗ „Ловец“ од Штип, доброволци – вработени од РЦУК Штип, лица од локално население од блиските села околу Степанци, а и роднини на исчезнатото лице, наведува ЦУК.
Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 2044 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 од коишто „реални“ повици биле 56,65 отсто, а 43,85 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Libertas
Известени се МВР Штип и Општина Штип, како и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат.
Потрагата вчера се одвиваше во реонот на село Степанци. A1on
Имало шест пожари на отворено во последното деноноќие (Скопско, Битолско, Гевгелиско, Штипско, Кочанско и во Кумановско), а пожарникарите гаснеле, паралелно, и други пожари во населени места и сите биле изгаснати, информира ЦУК.
ЦУК го пренесува и известувањето на РЦУК Битола дека поради настанато свлечиште на патот што ги поврзува крушевското село Долно Дивјаци и демирхисарското село Кочишта, состојбата на патот оневозможува безбеден сообраќај. Kanal5
Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие имало вкупно 2044 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 од коишто „реални“ повици биле 56,65 отсто, а 43,85 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 70,27 отсто, кон Итната медицинска помош 21,08 отсто, кон пожарникарите 5,95 отсто и кон АМСМ 0,27 отсто од реалните повици на 112 во ЦУК. Kanal5
ЦУК го пренесува и известувањето на РЦУК Битола дека поради настанато свлечиште на патот што ги поврзува крушевското село Долно Дивјаци и демирхисарското село Кочишта, состојбата на патот оневозможува безбеден сообраќај.
Поради тоа привремено, се до решавање на настаниот проблем, за сите категории на возила се забранува движење на дел од истиот патен правец. Kanal5
Седум пожари на отворено имало во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.
51-годишен маж од Струмица е приведен откако бил фатен како управува возило под дејство на алкохол со шокантни 2,19 промили во крвта.
Вчера во 19.45 часот на улица „Гоце Делчев “ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Р.П.(51) од Струмица.
СВР Штип – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.Б.(30) од Романија поради измама со проджба на кујнски прибор.
Гневни реакции од вработените во Штипскиот затвор и од синдикатите на затворската полиција предизвика прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов дека затворски чувари му помагале на осуденик да си ја најде дрогата, под изговор дека бараат часовник што му го зела затворската кучка Цеца, објавува ТВ Телма.
Група вработени во затворот во Штип, членови на синдикалната организација на УПОЗ, денеска реагираа на прес-конференцијата на директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, на која обвини дека затворски полицајци му помагале на затвореник да ја најде фрлената дрога во дворот на затворот.
Штипјанецот Д.К. освои СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот, вреден 7.441.290 денари, информира Видеолотарија Касинос Австрија и му честита на најновиот Супер милионер џекпот добитник.
Среќни ВЛТ вести од Штип.