Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Град Скопје и на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.
Поради пуштањето во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, денеска од 10:30 до 12:00 часот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница. Libertas