Директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, кој беше еден од 193-те повредени во трагедијата во Кочани, денеска дошла во Штип да го посети Симон, на покана на неговите родители, објави на својот профил Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО). Симон, во соработка со Цивилната заштита на Италија, на 18 март, 2 дена по трагичниот настан во кој во пожар во дискотеката „Пулс“ животот го загубија 62 лица, бил пренесен во Италија.
На покана од родителите на Симон Крстев, младиот штипјанец повреден во трагедијата во Кочани, денеска во Штип пристигна директорката на Педијатриската клиника при Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што Симон се лекуваше.