Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б. (55) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје, член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа), П.М.Д. (73) од Скопје (лекар, член на Комисијата за оцена на работна способност во ФПИОСМ во период од 01.02.2023 до 30.06.2024), М.П. (53) од Скопје, Ч.Ј. (63) од Скопје, Г.Б. (54) од Скопје (вработен во ЈП Македонија пат), С.Л. (50) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за неврологија Скопје), К.Н. (69) од Велес (пензиониран лекар, во моментот вешто лице за Основен кривичен суд Велес), Ј.К. (47) од Скопје (сопственик и управител на правно лице од Скопје), В.К. (42) од Велес (адвокат), Б.Б. (44) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес, претседател на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес), Т.Ј. (50) од Велес (вработен во ЈЗУ Општа болница Велес), Б.Ј. (45) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), К.Х. (63) од Скопје (вработен во Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади), Ј.Ј. (66) од Крива Паланка, В.С. (65) од Велес, Т.Д. (61) од Студеничани, Л.Ј. (62) од Скопје, Е.Т. (55) од Велес, Д.Д. (52) од Скопје (вработен во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово), В.Ј. (49) од Велес (лекар, овластено лице во ординација за општа медицина и специјалистички ординации во Велес), Ј.Д.Р. (33) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Б.К. (60) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Е.З. (41) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), М.Љ. (69) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, Н.Р. (48) од Тетово, С.Р. (72) од Тетово, Ј.К. (34) од Скопје, В.С. (62) од Скопје, М.Ј. (54) од Скопје, Х.М. (50) од Скопје, В.А. (60) од Куманово, Г.А. (61) од Скопје, М.Г. (56) од Скопје, С.Д (59), М.Ј. (56) од Велес, Р.Љ. (73) од Гостивар, М.Ф. (58) од Гостивар, Н.Ф (65) од Гостивар, Ф.Љ. (54) од Гостивар, Ќ.Ј. (60) од Студеничани, Е.К. (52) од Скопје, Л.Р.(57) од Куманово, З.Б. (53) од Скопје, Г.З. (59) од Куманово, Д.А. (47) од Велес, Љ.Ц. (46) од Скопје и Д.Ѓ. (62) од Велес, за кои беа обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата. Nezavisen