Тој ја потврди информацијата, но не изнесе детали за тоа што било украдено Дали во СДСM е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби, прашаа денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле сефот во кој имало пари и накит, пишува порталот Фокус.мк „На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР“.
Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.