Трето полувреме на натпреварот меѓу Слога Виница и Карбинци кој домаќините го добија со 7-1, а потоа ја прославуваа титулата во третата лига.
„Во ОВР Виница, на 04.05.2025 М.Д.(35) од село Стар Караорман, Штипско, фудбалер на ФК Карбинци, пријави дека околу 15 часот во службени простории на ФК Слога од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Слога-Виница и ФК Карбинци, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК Слога, додека комесарот за безбедност на ФК Слога, Н.К.(40) од Виница ја држел затворена вратата за влез на другите фудбалери од екипата на ФК Карбинци. Sport1
Што всушност се случуваше пред и по натпреварот.
Играчите како и дел од управата на ФК Карбинци неколку денови пред натпреварот со недолични и провокативни коментари на Нашата страна се обидуваа да предизвикаат инцидент уште пред почетокот на натпреварот. Gol