Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
БД., пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на Регионален центар за гранични работи Север, иако знаел дека еден работник со правосилна пресуда бил ослободен од прекршочна одговорност, не изготвил ургенција до Комисијата за вршење на психолошко советување и давање мислење за способноста на работникот во МВР да му се врати одземеното службено оружје, кое му било одземено до завршување на постапката, туку изготвил предлог за негово времено распоредување врз основа на кој работникот бил времено распореден на друго работно место, а за времено упразнетото работно место доставил предлог за времено распоредување на друг работник.