Вчера околу 18.40 часот автомобил прегазил пешак во близина на „Сити Мол“.
Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди” во Скопје патничко возило „мини морис” со скопски регистарски таблици, управувано од Л.Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ „8 Септември” за укажување лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.