Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив. Kanal5
Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Faktor
Не сум бил како што слушам викнат да одам на средба со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани а јас не сум отишол, одговори Мицкоски Тој додаде дека слушнал дека ја одбиле неговата покана да дојдат во Скопје во неговиот кабинет и не му е проблем да ја прифати поканата тој да отиде во Кочани. Libertas